Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓
Уште еден одличен фудбалер одлучи кариерата да ја продолжи во земјата, кадешто може да добие најмногу пари, а тоа е Кина.
Француските медиуми пишуваат дека Тотнем прифатил понуда од кинески клуб за услугите на белгијскиот интернационалец Муса Дембеле.
Лондонскиот гигант ќе добие 34 милиони евра, додека кинескиот клуб поради таксите кои се воведени во нивната земја, ќе мора да потроши двојно повеќе за трансферот, односно 68 милиони евра.
Дембеле беше голема желба на италијанските гиганти Јувентус, Наполи и Интер, но и покрај нивната желба и борба да го купат, Белгиецот имал поинакви планови за својата иднина.
Дембеле во моментов е со репрезентацијата на Белгија во Русија, па ништо нема да се знае додека неговата селекција не го заврши настапот на Мундијалот.















