„Калчомеркато“: Реал Мадрид се обиде да го купи Пјаниќ!


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Од почетокот на летниот преоден рок Миралем Пјаниќ беше мета на многу шпекулации, а најмногу се зборуваше дека го сака Барселона и дека кариерата ќе ја продолжи во каталонскиот клуб.

Исто така, се појавија шпекулации дека го сака Манчестер сити, но на крајот немаше ништо и Пјаниќ остана во Јувентус и потпиша нов договор.

Меѓутоа, иако летниот преоден рок е завршен, Пјаниќ повторно е во центар на внимание на Апенините.

„Калчомеркато“ објави денеска дека Пјаниќ бил блиску до заминување од Јувентус, но него не го сакале Барселона и Манчестер сити, туку „старата дама“ преговарала со Реал Мадрид.

„Кралевите“ испратиле понуда за Пјаниќ, но сепак не се договориле, па Босанецот потпиша нов договор и сега ќе заработува 6,5 милиони евра.