„Камп Ноу“ заминува во историјата


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Стадионот на Барселона, „Камп Ноу“ е една од најзначајните градби во Барселона, а многумина ја споредуваат и со славните светилишта во овој град. Да ги прашате навивачите на Каталонците дали некогаш би го промениле името на стадионот, тие сигурно би рекле не, но сега ќе мора да се навикнат на тоа.

Имено, како што пренесуваат медиумите во Шпанија, „Камп Ноу“ најверојатно повеќе нема да постои.

Шампионот на Шпанија добил понуда вредна 300 милиони евра за да го продаде името на стадионот. Ако тоа се случи, тоа не би требало да не чуди, затоа што Барселона веќе прекрши една традиција.

Барселона беше надалеку позната и по тоа што играше без спонзори на дресовите, но тоа се промени кога стигна богата понуда од Азија и промени се.