Канте сака да ја финансира потрагата по Емилијано Сала (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Потрагата по авионот на Емилијано Сала од страна на спасувачките служби беше прекината, но и покрај тоа, многу личности замолија јавно да биде истата продолжена, а некои од нив решија и финансиски да помогнат, како што тоа е ѕвездата на Челси, Нголо Канте.

Авионот на Сала исчезна во понеделникот, по што потрагата траеше три дена, но не беше пронајдена никаква трага ниту од пилотот и Сала, ниту од авионот, па семејството реши да почне сопствена истрага.

Сепак, Канте ќе им помогне во нивната намера, иако важи за скромен човек, но дефинитивно има големо срце и со ова ја освои јавноста.

Да потсетиме, Канте и Сала настапуваа заедно во француски Каен во 2015 година.