Канте ќе добие совршен партнер во редот за врска?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси е познат по тоа што во секој преоден рок прави некој добар трансфер, а се очекува да се случи тоа и ова лето.

Англиските медиуми пренесоа дека денес на мета се наоѓа Бакајоко. Овој 22-годишен фудбалер оваа сезона е еден од најдобрите играчи на Монако со кои стигна до ½-финале во ЛШ. Неговите игри не останаа незабележани и интерес за него покажаа голем број тимови.

Еден од нив е Челси кој го сака Бакајоко по секоја цена. Во Лондон сметаат дека би бил идеален партнер за Канте кој оваа сезона е одличен. Наводно, Конте му кажал на Абрамович дека Бакајоко е приоритет.

Меѓутоа, познато е дека ПСЖ најави бомбастична понуда за овој 22-годишен фудбалер и најверојатно ќе биде голема борба за неговиот потпис.