Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот француски фудбалер Ерик Кантона го критикуваше фудбалерот на ПСЖ и репрезентативец на Бразил, Нејмар.
Кантона на својот Инстаграм профил прикачи фотографија од Сократес, легендарниот Бразилец, кој го носеше бројот 10 како и Нејмар.
„Доста е со лаги, со солзи, нарцизам. Остави нè да го сакаме Бразил како претходно што го сакавме“, напиша Кантона.
Медиумите од светот заклучија дека Кантона ја испратил пораката до Нејмар, којс е обиде да одглуми пенал против Костарика, но благодарение на ВАР-системот истиот беше поништен.
Бразил е прв на табелата во својата група со четири бода, колку што има и Швајцарија, а еден помалку има Србија.