Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот Фабио Капело реши да зборува за случајот на Мауро Икарди во Интер, па кажа дека имал слично искуство додека го тренирал Реал Мадрид.
Капело кажа дека Давор Шукер и Предраг Мијатовиќ не сакале да му ја додаваат топката на голгетерот Раул Гонзалес.
„Гледам дека некои фудбалери не му ја додаваат топката на Икарди, па тој почна да враќа со иста мерка. Тренерот мораше нешто да промени. Кога јас бев тренер на Реал, имав слична ситуација, Шукер и Мијатовиќ не сакаа да му подаваат на Раул. Го забележав тоа, па ги повикав во канцеларија“, вели Капело.
Капело му порача на тренерот на Интер, Лучано Спалети да разговара со фудбалерите за да го реши проблемот што е можно побрзо.