Капело: Знам каде лежи проблемот во Реал, ова е чисто кардинална грешка на управата…


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Не е никаква тајна дека Реал Мадрид и натаму е во криза.

Мадриѓаните играат далеку полошо отколку во изминатата сезона, што секако е показател и на табелата на која Реал по 13 кола се наоѓа на шестата позиција, а ако го прашате Фабио Капело причината лежи во Кристијано Роналдо.

Легендарниот италијански стратег кој во минатото имаше шанса да го предводи Реал вели едека управата погрешила што го пуштила Кристијано Роналдо да премине во Јувентус.

„Можеби Реал е полош бидејќи проценија дека и без Роналдо ќе имаат добри резултати. Тој е играч кој во секој момент може да му направи проблеми на противникот. Кога е тој во тимот сите противнички екипи се исплашени, а неговите соиграчи се послободни“, истакна Капело за италијанските медиуми.

Капело исто така смета дека Кралевите би требало во своите редови да го донесат Мауро Икарди, кој според неговото мислење, на прв начин би можел да го надомести заминувањето на Роналдо.