Капело му се налути на Бонучи: Не е ова Италија, секоја чест за судијата! (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Ванда Метрополитано“ синоќа беше домаќин на големиот спектакл меѓу Атлетико Мадрид и Јувентус, каде што славеа домаќините со 2-0, а за италијанскиот клуб тоа беше најтешкиот пораз во сезоната.

„Бјанконерите“ неа беа на своето нив, посебно одбраната, а во 77. минута по мешаницата во шеснаесетникот Хозе Хименез погоди за 1-0, но Леонардо Бонучи падна во казнениот простор и до крај ја следеше цела ситуација, а потоа почна да бара прекршок.

Бонучи така ја изнервира јавноста, а меѓу разочараните беше и легендарниот италијанскиот тренер Фабио Капело, кој немаше пријатни зборови за дефанзивецот.

„Бонучи тоа го научи во Италија. Таму сме навикнати на такви работи. Во италијанскиот шампионат ќе паднеш и ќе ти дадат прекршок. Бонучи само го допреа, а тој скокна на тревникот. Јасно е дека немаше прекршок, секоја чест до судијата“, кажа Капело.