Капело откри тајна: Да не бил тој Ибрахимовиќ не би бил каде што е сега


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Италијанскиот тренер Фабио Капело имаше во текот на кариера чест да води многу големи ѕвезди. Една од нив беше и Златан Ибрахимовиќ кој во 2004 година од Ајакс стигна во Јувентус, а тогашниот тренер на тимот беше Капело. Тој изјави дека Златан не можел да биде многу ефикасен во тоа време, но дека по неговите совети станал многу подобар напаѓач.

    „Го видов Ибра прв пат кога бев тренер на Рома и забележав дека има одлична техника. Сакав да го ангажирам додека бев во Рома, но во тоа време имавме многу добри напаѓачи како Тоти, Батистута и Касано.“

    „Кога отидов во Јувентус, барав од клубот да го донесеме. Никогаш не сум видел фудбалер со таква физичка подготвеност и техника. Откако помина еден месец во Јувентус, забележав дека не шутира како што треба, а тоа беше лош знак. Тој е многу горд играч и работеше напорно секој ден за да ја подобри својата игра. Остануваше на тренинзите за да вежба дополнително. Сепак го послуша мојот совет да стане посигурен пред голот на противникот и се претвори во вистински убиец.“

    Да потсетиме Златан и Капело во Јувентус поминаа 2 сезони пред овој тим да биде исфрлен во Серија Б. Ибра подоцна премина во Интер, а Капело седна на клупата на Реал Мадрид.