Капитенот капитенски го спаси Реал од пораз на Камп Ноу – Реал останува без пораз оваа сезона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона на Камп Ноу во Ел Класико одиграа нерешено против Реал Мадрид, 1:1.

Во првото полувреме се играше жестоко. Роналдо во 37-ма минута одлично шутираше, но Тер Штеген одбрани. Тер Штеген повторно му одбрани на Роналдо во следната минута по соло акцијата на португалецот. Во финишот на првото полувреме Варан со глава шутираше лесно и Тер Штеген одбрани. Луис Суарез во 53-та минута ја затресе мрежата на Навас по асистенцијата на Нејмар. Нејмар потоа имаше одлична шанса за зголемување на водството, но шутираше високо над голот. Барселона повторно имаше шанса за зголемување на водството, но Меси не го искористи фантастичното додавање на Иниеста. Рамос шутираше со глава над голот неколку минути подоцна. Роналдо можеше да израмни, но неговиот шут со глава беше слаб и лесно дефанзивците на Барселона се одбранија. Во 90-та минута по слободен удар Серхио Рамос со глава ги постави конечните 1:1.

Реал останува на врвот со шест бода предност пред Барселона.