Капитенот на Нигерија минувал низ кошмар за време на Мундијалот


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Капитенот на репрезентацијата на Нигерија и поранешен фудбалер на Челси минувал низ кошмар додека неговата репрезентација настапуваше на првенството во Русија.

Неколку часа пред натпреварот Нигерија и Аргентина, Микел бил известен дека вооружена банда го киднапирала неговиот татко Мајкл Оби.

За неговото ослободување киднаперите барале 28.000 долари, но не ги добиле парите затоа што Мајкл Оби заедно со неговиот возач биле ослободени на 2 јули по една акција на полицијата.

„Бев загрижен, не знаев што да правам. Знаев само дека не смеам да разочарам 180 милиони Нигеријци. Морав да го потписнам тоа во својата глава и да излезам на терен претставувајќи ја својата земја. Рекоа дека ќе го убијат татко ми ако пријавам на властите. Не сакав да зборувам со селекторот за тоа, зошто не сакав да го врти вниманието на тимот пред важниот натпревар“ –коментираше Микел.