Кардиф донесе уште еден фудбалер пред крајот на преодниот рок


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Од таборот на Кардиф го официјализираа трансферот на Леандро Бакуна кој пристигна од редовите на Рединг.

27 годишниот Бакуна со Кардиф потпиша четири и пол годишен договор, а за него велшкиот клуб плати сума од околу три милиони фунти.

Поранешниот фудбалер на Астон Вила кој има настапи во Премиер лигата може да игра на неколку позиции на средината на теренот, како и во одбраната.