Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Денес беа одиграни последните 12 натпревари од регуларниот дел оваа сезона во Чемпионшип.
Најмногу профитираше тимот на Кардиф кој избори директен пласман во Премиер лигата.
Тимот предводен од Ворнок одигра без победник (0:0) против Рединг, а директната промоција ја изборија благодарение на Фулам кој забележа пораз на гостувањето кај Бирмингем.
Така во плеј офот кој почнува наредната недела ќе се сретнат Фулам и Дерби како прв пар, и Астон Вила и Миделсбро како втор полуфинален пар. Победниците од овој натпревар ќе одат во финалето, а победникот од тој дуел ќе обезбеди пласман во Премиер лигата.
Резултати:
Бирмингем- Фулам 3:1
Болтон- Нотингем 3:2
Брентфорд- Хал 1:1
Бристол- Шефилд 2:3
Кардиф- Рединг 0:0
Дерби- Барнсли 4:1
Ипсвич- Миделсбро 2:2
Лидс- КПР 2:0
Милвол- Астон ВИла 1:0
Престон- Бартон 2:1
Шефилд Веднесдеј- Норвич 5:1
Сандерленд- Вулверхемптон 3:0