Карим Бензема го напушта Реал Мадрид: Добил понуда која не се одбива!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Карим Бензема (31) веројатно ќе го напушти мадридски Реал после цели 10 години.

Овој 31-годишен фудбалер на Сантијаго Бернабеу стигна 2009. година од Лион во трансфер вреден 35 милиони евра и со Кралевите освои се што можеше да се освои.

Меѓутоа, Бензема скоро сигурно ќе биде еден од играчите кои ќе го напуштат клубот. Според наводите на шпанските медиуми, францускиот напаѓач веќе се договорил со новиот клуб, а тоа е ПСЖ.

Првакот на Франција очајно посакува да го засили својот напад. Клубот од Париз му понудил на офанзивецот плата од 10 милиони евра по сезона и договор на четири години, а ова наводно го прифатил.

Така, веројатно Бензема после десет години ќе го напушти Кралскио клуб.

Тој со Реал освои дури 17 трофеи во 10 години. Нажалост, ќе се прости од клубот во многу тешка ситуација, бидејќи Кралевите оваа сезона ќе останат без шанса за освојување на трофеј.

Инаку, ќе биде интересно да се види Бензема во дресот на ПСЖ, бидејќи тој е продукт на Лион, па ситугно нема да им биде омилен на навивачите на Лион.

Тој во дресот на Реал одигра 455 натпревари и постигна 212 погодоци.