Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голманот на Бешикташ, Лорис Кариус реши да се жали до Светската фудбалска федерација (ФИФА) поради тоа што турскиот тим му нема исплатено неколку плати.
Кариус пристигна во Бешикташ на двегодишна позајмица од Ливерпул, но на Германецот не му биле исплатени дури четири месечни плати.
Германски „Билд“ пишува дека германскиот голман дал рок од 10 дена на Бешикташ да му ги исплати платите, но такво нешто не се случило и Кариус не ги добил неговите пари, па поради тоа решил да се жали до ФИФА.
Кариус во последно време не игра најдобро, па често се наоѓа на мета на критики на навивачите. Неговата лоша форма почна по грешките во финалето од Лигата на шампиони против Реал Мадрид, додека настапуваше за „црвените“.