Карлос Бака откри зошто се преселил во Вилјареал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Карлос Бака ќе биде на едногодишна позајмица во Вилјареал, за која Милан ќе добие 15,5 милиони евра, додека на крајот ќе може да биде и откупен за 15,5 милиони евра.

Напаѓачот не се прилагоди во Милан, па минатата сезона играше во Вилјареал. Очигледно многу подобра му беше шпанската лига, зашто таму играше во добра форма.

Бака на конференцијата за новинарите откри дека Џенаро Гатузо и Леонардо сакале да остане во екипата, но самиот решил да замине.

„Од моментот кога се подготвувавме за Мундијалот, јас имав желба да се вратам во Шпанија, ова е мојот дом. Моето семејство исто така сакаше да се вратам. Можев да останам во Милан, имав шанса, но тогаш требаше да донесам голема одлука“, вели Бака.

Исто така, Колумбиецот имаше голем број понуди од екипи кои ќе настапуваат во Лигата на шампиони.