Карпош соколи се засили: Потпиша уште еден Американец


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Карпош не се предава, стигна уште едно засилување од странство.

    Тимот од Скопје, Карпош Соколи потпиша денес договор со Џејсон Пејџ, кој доаѓа на местото на Урош Дувњак.

    Пејџ има 22 години, 188 см и може да игра на двете бековски позиции, а во Карпош очекуваат дека тренерот Николиќ ќе добие поголема сигурност во играта.

    За американскиот кошаркар ова е првата сезона во Европа, а европската кариера ја започна во германскиот второлигаш Етингер Рокетс.

    Претходните 2 години тој играше во кошаркарскиот тим на Универзитетот Западна Вирџинија, каде во последната сезона имаше просек од 14.3 поени.

    Се очекува тој да стигне во Скопје во наредните денови, па ќе биде најверојатно подготвен да дебитира против Задар на натпреварот од Јадранската лига.