Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипата на Реал Мадрид со 2:0 ја совлада Севилја во дерби натпреварот од 20. коло во шпанската Ла Лига.
Во многу цврст и борбен натпревар, „Кралевите“ до водечкиот гол стигнаа дури во 78. минута кога Регуљон одлично асистираше, а мрежата на Севилја ја затресе Касемиро.
Конечниот резултат го постави хрватскиот интернационалец, Лука Модриќ во втората минута од судиското продолжување.
Реал Мадрид сега е третопласиран со 36 бодови, додека клубот од Андалузија е една позиција подолу со 33 освоени бода.