Касираги: Роналдо не може да постигне 40 гола во Италија!


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Пјерлуиџи Касираги, поранешен играч на Јувентус, Лацио и Челси, кажа дека Кристијано Роналдо нема да постигнува многу голови како во Ла Лига.

Роналдо летово пристигна во Јувентус од Реал Мадрид и веќе му се предвидуваат десетина голови во првата сезона, но поранешниот италијански репрезентативец смета дека Португалецот нема лесно да постигнува голови во Италија.

„Италијанскиот фудбал и нашите одбрани се поинакви од тие во Шпанија. Роналдо дојде да победува, но мислам дека нема да постигне 40 гола“, вели Касираги.