Каспер прави трансфер на кој и татко му би му бил љубоморен?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Данскиот голман Каспер Шмајхел е една од ретките светли точки на тимот на Лестер оваа сезона.

Шмајхел имаше неколку проблеми со повреди во последните месеци, но секогаш кога е на голот својата работа ја врши како што треба.

Тоа го забележавме и во натпреварот против Севиља.

Откако се шпекулираше дека го сакаат неколку тимови како ЛИверпул и Арсенал, сега се појави информација дека го сака Реал Мадрид.

Според медиумите, Реал Мадрид го стави Шмајхел на кратката листа на приоритети за наредното лето.

Моменталниот голман на Реал, Кејлор Навас имаше неколку грешки во последно време, па Реал би сакал нов голман за својот тим.