Каталонска теорија на заговор – Барселона е оштетена?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


По 9 години Барселона вчера изгуби во Ла Коруња од Депортиво со 2:1.

Депортиво одигра феноменален натпревар. Успеаа да ја срушат големата Барселона, а до победничкиот гол дојдоа во 73-та минута.

Меѓутоа, во Каталонија тврдат дека Барселона е оштетена во овој натпревар и тоа при решавачкиот гол, затоа што судијата наводно направил три големи грешки.

Прво досудил корнер кој не постоел. Ударот на Арибас помина покрај голот, а голманот на Барселона беше блиску до топката, но не ја допрел.

Судијата Фернандез досуди корнер од кој Депортиво го превзема водството со 2:1, но на теориите на зговор од Барселона не им е тука крајот.

Експертите за судење тврдат дека стрелецот на голот, од кој стигнаа по досудениот корнер, направил прекршок врз Алба при постигнувањето на голот.

3-та наводна грешка се случила во 28-та минута при резултат 0:0. Пике од зад грб бил срушен во казнениот простор, но Барселона не доби пенал. Последните месеци од Барселона често се жалат на судењето во корист на Реал Мадрид.

Наводно судиите се на страна на Реал и постојано споменуваат теорија на заговор против Барселона.