Каталонски „Спорт“: Поранешна ѕвезда на Барса сака да игра за Реал Мадрид!?


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Реал Мадрид би можел да добие квалитетно засилување во јануари, откако менаџерот на Алексис Санчез го понудил Чилеанецот на актуелниот европски шампион.

Санчез не се прилагоди во Манчестер, па игра очајно за Јунајтед и тоа е една од причините поради кои сака да си замине од клубот.

Наводно, Фернандо Феличевич веќе имал контакт со „кралевите“, каде што ја претставил идејата на неговиот клиент, но уште не се почнати преговорите.

Се очекува Реал Мадрид да ги почне преговорите и да го ангажира Чилеанецот во јануари, но само доколку претходно не успее да се договори со Нејмар.

Инаку, Санчез за Арсенал одигра 122 натпревари и постигна 80 голови, додека за Барселона настапи на 88 средби и имаше постигнато 39 погодоци.