Каталонците изненадени: Барселона купува искусен фудбалер од – Сасуоло!


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Италијанските медиуми пишуваат дека Кевин Принц Боатен е многу блиску до трансфер во Барселона.

Фудбалерот кој настапува за Сасуоло игра солидно и би можел да покрие позиции во нападот и средината од теренот во Барселона до крајот на сезоната.

Барселона, наводно, има договор со Сасуоло за позајмица до крајот на сезоната, а покрај тоа може да го откупат за осум милиони евра.

Каталонците треба да преговараат само со Боатенг за деталите околу договорот. Боатенг има искуство со играње во Шпанија, каде што настапуваше за Лас Палмас.