Кај Челси нема предавање, следува битката со Германците?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На големо трае сагата за тоа каде талентираниот Калум Хадсон-Одои ќе ја продолжи кариерата.

Крилниот напаѓач не се наигра во Челси оваа сезона, но тој има само 18 години и „Плавите“ сериозно сметаат на него во иднина.

Меѓутоа, младиот репрезентативец на Англија е скептичен по тоа прашање и како што се наведува е подготвен да ја прифати понудата на Баерн кој сака да направи иста работа како Борусија со Џејдон Санчо од Сити.

Германците подготвија близу 45 милиони евра за овој трансфер, но и Челси презема одредени чекори.

Екипата од Лондон наводно ќе му понуди неделна плата од 50 илјади фунти што со разни бонуси би можело да достигне и до 70 илјади, што е значително зголемување ако се има предвид дека Хадсон-Одои прима нешто повеќе од 20 илјади фунти.

Талентираниот фудбалер досега беше подготвен да го напушти Островот за да се пресели во Бундеслигата, но со оглед на некои моменти останува да видиме што Англичанецот ќе одлучи.