Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Кошаркарите на Кливленд, Кевин Лав и Кевин Дурант од Голден Стејт прогласени се за најдобри играчи во минатата недела во Источната и Западната конференција во НБА лигата.
Лав го предводеше актулениот шампион до 3 победи во исто толку натпревари со одличен просек од 30.7 поени и 9.7 скокови.
Крилото на Кливленд беше посебно импресивно во дуел со Портланд, кога во првата ¼ постигна неверојатни 34 поени.
Кевин Дурант во редовите на Голден Стејт беше најзаслужен за 4 победи на тимот од Калифорнија во последните 7 денови. Репрезентативецот на САД просечно постигнуваше по 24.8 поени, 8.3 скокови и 6.3 асистенции.