Кедира на излезни врати од Јувентус


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред десетина дена Сами Кедира прекина со тренинзите по срцевите проблеми кои му беа констатирани.

На еден ден пред натпреварот со Атлетико Мадрид германскиот интернационалец ги дозна лошите вести по кои ќе мора да замине на операција која ќе го оддалечи од терените одреден период.

Сепак, ова не се единствените проблеми со кои се соочува Кедира. Од Јувентус му било кажано дека може да си бара нова средина и веќе во летниот преоден рок да го напушти Торино.

Ваквиот потег Јувентус го потегнал за да ослободи место за Арон Ремзи кој ќе пристигне во Торино следното лето.

За Кедира има интерес од Арсенал, се споменува и негов трансфер во ПСЖ, но најверојатно играчот од средниот ред кариерата ќе ја продолжи во САД.