Кепа не бил прв избор на Челси, Абрамович претходно добил „корпа“ за понуда од – 100 милиони!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Челси мораше да ангажира голман, а изборот на крајот беше Кепа Аризабалага, кој стигна на местото на Тибо Куртоа, кој реши да се пресели во Реал Мадрид.

Младиот шпански голман, сепак, не бил прв избор на Челси кога барале голман и замена за Белгиецот.

Наводно, „сините“ биле заинтересирани за Јан Облак од Атлетико Мадрид и понудиле 100 милиони евра за него, но тоа не било доволно за шпанскиот гигант.

Откако добиле „корпа“ за Облак, тие веднаш решиле да ја платат клаузулата за Кепа и да го урнат светскиот рекорд за голмани.