Керик има примамлива понуда


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот англиски фудбалер Мајкл Керик има прималива понуда.

За некој кој игра во Манчестер Јунајтед тешко е да се каже баш дека има примамлива понуда, но таа која ја доби Керик не е за отпишување.

Наводно искусниот централен играч за врска на Ѓаволите е желба на Емирати, кога се појави информација дека Керик на Олд Трафорд нема да добие продолжување на договорот.

Жозе Мурињо даде шанса во оваа сезона на Керик, човекот кој од сенка одработува одлична работа, но има 35 години и може на крајот на сезоната да стане слободен играч.

Како таков е исклучително привлечен на Венгер, кој често има обичај да доведува играчи во одминати години, со цел на младите да бидат пример и јасно со своето искуство да помогнат во остварување на целите.

Арсенал сега ќе чека шанса да го доведе Керик, на кого и понатака не нудат нов договор на Олд Трафорд.

Поранешниот играч на Тотенхем во оваа сезона за Јунајтед одигра 19 мечеви, а освои пет премиерлигашки титули, еден ФА куп и една ЛШ.