Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓
Фудбалерите на Манчестер Јунатјед играат многу променливо оваа сезона.
Откако многу добро ја отворија сезоната во Премиер лигата со три победи во првите три натпревари, Јунајтед започна да игра полошо.
Во моментов се наоѓаат на 6. место со дури осум бода помалку од лидерот Ливерпул, но нивниот играч од средниот ред, Мајкл Керик вели дека Јунајтед не треба да биде отпишан.
„Цело време имавме издигнувања и падови, но не е во ред да кажеме дека сме се откажале од освојувањето на трофеи. Се уште има многу да се игра и убедени сме дека до самиот крај ќе бидеме во можност да се бориме за важни места и дека ќе бидеме многу добри“, изјави Керик.
Потсетуваме дека тој оваа сезона одигра два натпревари во Премиер лигата, а во листата на стрелци не се запиша.