Кејн во финишот донесе победа против Кристал Палас


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тотенхем славеше во натпреварот помеѓу ривалот од Лондон, Кристал Палас на „Селхрст Парк“ со 1:0.

Кристал Палас  во натпреварот влезе без своите најдобри играчи Заха, Кабаје и Панчон и неочекувано до самиот крај даваше силен отпор на „петлите“.

Се редеа шанси пред голот на Палас, но одличен меѓу стативите беше Вејн Хенеси.

Сепак, Хари Кејн погоди во 88.минута за голема победа на Тотенхем со која се зацврстија на четвртата позиција во Премиер лигата.