Кејн: Јувентус не скрши на почетокот, па едвај спасивме жива глава!


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн смета дека резултатот од Торино против Јувентус е одличен за неговата екипа.

Јувентус водеше со 2-0 по осум минути игра, но Тотенхем успеа да ги постави конечните 2-2 преку головите на Кејн и Ериксен.

„Можевме да се предадеме. Игравме во гости во ЛШ, но покажавме карактер. По два примени голови игравме одлично и сега ќе одиме на Вембли со два голови постигнати на гостински терен. Ова е одличен резултат за нас“, вели Кејн.

Реваншот во ЛШ се игра на 7-ми март на „Вембли“ во Лондон.