Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Фудбалскиот сојуз на Италија водеше голема истрага против Киево од Верона, поради лажирање на вредност на трансфер на играч.
Наводно, цифрите биле претставени и до 9.000 проценти повеќе од реалните и на тој начин била направена измама.
Поради тоа им се закануваше исфрлување од Серија А, односно одземање 15 бодови од минатата сезона и тоа значеше испаѓање во Серија Б.
Меѓутоа, фудбалскиот сојуз заклучи дека Киево не се виновни. Клубот ќе помине без казна, но зтоа претседателот Лука Кампедели ќе добие тригодишна забрана за работа.
Киево и понатаму ќе игра во Серија А, а казна доби несреќата Чезена. Клубот прогласи банкрот и е казнет со 15 бода, но уште не е познато во која лига ќе игра.