Кинезите заминуваат од Милан: Новиот сопственик подготви половина милијарда евра!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Навивачите на Милан се молат Јонгхонг Ли да го загуби клубот и потоа да пристигне сопственик, кој ќе вложи пари за да ги крене на врвот.

Богатиот Роко Комисо сака да го заврши преземањето на клубот до крајот на викендов, но не зависи сè од него бидејќи Ли не сака да го продаде клубот.

Проблемот е тоа што Кинезот до први јули мора да плати 32 милиони евра од долгот на Елиот, а заинтересираниот Американец би го откупил клубот за половина милијарда евра, би го платил долгот на Милан до Елиот, но не и парите кои ги позајмил Јонгхонг Ли.

Па така, кај „росонерите“ би пристигнале нови 150 милиони евра, но Комисо не сака да има ништо со Ли.

Тоа на Кинезите не им се исплати, зашто би останале должни на инвестицискиот фонд, па поради тоа не сакаат да го препуштат сопствеништвото, но ако не најдат 32 милиони, клубот ќе премине во сопствеништво на фондот „Елиот“.