Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Не е само Марко Арнаутовиќ, за засилувања имаат 100 милиони и голема мета, дали е веројатно дека ќе проследиме уште еден сензационален расплет?
Кинески Шангај донесе шлепер пари во Европа.
Клубот кој ја прекина доминацијата на Гванжу и се закити со шампионската титула, по двете втори позиции во изминатите три години, сака дополнително да се засили, а голема цел е азиската Лига на шампиони.
За Шангај играат Хулк, Оскар и Елкесон, тројца Бразилци, преговараат со Вест Хем околу Арнаутовиќ и таа работа би требало да биде завршена во следните 48 часа.
Марко сака да замине, втората мета беше Џеко, но изгледа дека тоа е мамка за Англичаните да бидат принудени на продажба на незадоволниот автралиски репрезентативец.
Но, тоа не е се, Шангај посакува уште една голема ѕвезда, го бараа Даглас Коста од Јувентус, подготвени се да платат 60 милиони евра, но Јувентус ги одби. Коста го сакаат и во Јунајтед, се шпекулираше дека Јувентус едноставно може да го врати Мората, да го проследи Игуаин во Челси и да заработи на Коста, меѓутоа, засега нема потврден одговор.
Кинезите имаат пари, подготвени се во двајца играчи да вложат 100 милиони евра за да обезбедат доминација во кинеското првенство и да стигнат до континенталната титула.