Кипарците не знаат за – доста: АПОЕЛ смени седум тренери за само три години!

Кипарскиот клуб АПОЕЛ денеска го раскина договорот со тренерот Бруно Мигел Нунес Балтазар, седмиот тренер во последните три години.

Кипарскиот шампион соопшти дека одлуката на 41-годишниот португалски тренер е донесена по договор помеѓу двете страни.

Балтазар го напушти клубот еден ден по победата против Ермис (1-0), а во завршницата на натпреварот беше исклучен затоа што учествуваше во нередите на теренот.

Навивачите и управата се разочарани откако клубот во последните пет години не успеа да се пласира во групна фаза на Лигата на шампиони или Лигата на Европа.