Класата е вечна: Буфон ја има интервенцијата на годината во Франција (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џанлуиџи Буфон брани неверојатно, а тоа го покажа и во натпреварот од француската Лига 1 против Генгам, каде што ПСЖ победи со 3-1 по пресврт.

Во 13. минута од средбата Генгам имаше одлична акција по левата страна, а топката беше испратена во центарот на шеснаесетникот од каде што следуваше удар кон голот, но и брилијантна интервенција на Буфон.

Италијанецот продолжува со одличните игри, а оваа одбрана уште долго време ќе се повторува.