Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Џастин Клајверт сака да ги следи стапките на неговиот татко Патрик и еден ден да заигра за тимот на Барселона.
17 годишниот вундеркинд од Ајакс е предмет на интерес на неколку клубови од Премиер Лигата, меѓу кои и Манчестер Јунајтед, но тој признава дека има желба да се пресели на „Камп Ноу“.
„Мојот клуб од соништата? Барселона. Дали сакам да ги следам чекорите на татко ми? Секако. Тоа е мојот сон. Нема да ми пречи да играм и во друг голем клуб, но Барселона е мојот сон“- коментираше Клајверт за Goal.com.