Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
6-та победа по ред за Кливленд. Актуелниот шампион имаше големи маки против Филаделфија на гостувањето, нои понатаму е без пораз во оваа сезона.
Домаќинот во финишот на натпреварот имаше водство од 101:99, а на минута пред крајот успеа Кливленд да постигне тројка и да го постави конечниот резултат, 102:101. Џејмс повторно беше блиску до трипл-дабл. Натпреварот го заврши со 25 поени, 14 асистенции и 8 скокови, а имаше исто така и 5 изгубени топки.
https://youtu.be/g-HELRmEOtQ
Добар натпревар одигра и Лав кој постигна 20 поени и 11 украдени топки. Ембид имаше 22 и Илјасов со 21 поен беа најефикасни кај Филаделфија.
https://youtu.be/K5O4LMxdaNU
Клиперс на гостувањето го декласираа Сан Антонио со 116:92, а до победа ги однесе Грифин со 28 поени. Кај Сан Антонио најдобар беше Алдриџ со 19 поени и 6 украдени топки.
https://youtu.be/m9V7cYV0n-A
По убедливиот пораз од Голден Стејт, Оклахома се врати со лесна победа кај Минесота со 112:92. Расел Вестбрук постигна 28 поени, 8 асистенции и 6 скокови додека Енес Кантер постигна 20 поени и 10 украдени топки. Во редовите на гостите најдобар беше Таунс со 33 поени и 6 скокови.
Останати резултати:
Детроит – Денвер 103:86
Индијана – Чикаго 111:94
Орландо – Вашингтон 88:86
Атланта – Хјустон 112:97
Милвоки – Сакраменто 117:91