Кливленд сигурен: Голден Стејт со маки до победа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во ноќта од вторник кон среда на НБА паркетите беа одиграни 6 натпревари.

Кошаркарите на Кливленд го победија Мемфис на свој терен со 103:86, па така стигнаа до 5-та победа по ред. Во редовите на Кливленд најдобар беше Лав со 29 поени и 13 скокови, а го следеа Џејмс и Смит со по 23 поени.

Голден Стејт по голема борба стигна до победа против Њу Орлеанс, а одлучувачките поени ги постигна Дрејмонд Грин и тоа од линијата за слободни фрлања.

Кај гостите најдобар беше Стеф Кари со 30 поени и 7 асистенции. Го следеа Дурант со 27 и Томпсон со 17 поени и 10 додавања.

Портланд беше подобар од Оклахома. Вестбрук постигна само 20 поени, 6 скокови и 6 асистенции.

Останати резултати:

Атланта – Орландо 120:131
Чикаго – Минесота 94:99
Феникс – Њујорк 113:111