Кличко се враќа во рингот: Можам да победам било кого!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот боксер Владимир Кличко соопшти во април минатата година дека се пензионира. Сепак, сега има добра причина за да се врати во рингот.

Кличко се пензионираше по поразот од Ентони Џошуа во „мечот на деценијата“, а сега Џошуа сака борба со Деонтај Вајлдер, но најверојатн Вајлдер ќе се обиде да подготви спектакл против Тајсон Фјури.

Промотерот на Џошуа, Еди Хрн кажа дека Британецот сака веднаш пресметка со Кличко.

„Мислам дека Кличко сам му испрати порака на Ентони и му кажа дека сака да се врати во рингот. Покрај тоа, му кажа дека се чувствува добро и дека може да го победи било кој борец“, кажа Еди.

Потенцијалната борба меѓу Џошуа и Вајлдер би можела да се случи на 13 април. Британскиот боксер со евентуална победа против Вајлдер би ги имал сите појаси.