Клоп ги „дигна од мртвите“: Овој Ливерпул е посилен од било кога!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Повеќе бодови, повеќе голови, повеќе стрелци, повеќе удари, повеќе километри, повеќе ентузијазам.

    Титула. Скоро па заборавен збор во црвениот дел на Ливерпул и меѓу милиони негови навивачи. Макар и во оваа доба од годината. Па така по 2 и пол децении. Секој пат еуфоријата растеше но небо по неколку победи. И секој пат Ливерпул се надеваше. И секој пат нешто ќе тргнеше како што не треба.

    Дали овој пат е поинаку? Дали Клоп е вистинскиот човек? Дали него го чекаа последниве 25 години?

    Овој пат навистина делувапоинаку. Подобро дури и во таа сезона кога „Ел Пистолеро“го носеше Ливерпул и играше 1 на 11 против ПЛ ривали. Тогаш Ливерпул последен пат ги стави рацете на пехарот на Англија, но му избега откако Џерард се лизна и исчезна во злобната насмевка на Мурињо.

    Ова е сепак почеток кој ветува. Подобар дури и од времето на Суарез во 2013/14. Дали Клоп ќе продолжи да го направи тој еден чекор кој недостига веќе 27 години. И дали ова ќе биде таа сезона!

    Ливерпул во 2013/14 започна со 8 победи, едно реми и 2 порази во привте 11 кола. Со гол разлика 21:10. Тоа тогаш беше доволно за 25 бодови и 2-ро место на табелата.

    Овој тим на Клоп е подобар! Има 8 победи, 2 реми и 1 пораз во првите 11 кола. Има 30:14 гол разлика. Има 26 бодови. И има прво место на табелата во ПЛ по 916 денови. Толку поминаа откако Џерард се лизна и го изгуби првото место.

    Што се смени? Па многу работи…

    Смена на тренерот донесе и промена на формацијата која резултаираше во понапаѓачка, подинамична и помоќен Ливерпул. Наместо 4-4-2 на Роџерс, сега играат 4-3-3 со Клоп. Џордан Хендерсон и Кутињо се единствените од таа генерација пред 3 години. Но имаат поинаква улога. Хендерсон игра подефанзивно, а Кутињо понапаѓачки.  Популарниот Хендерсон покрај капитенската лента, од Џерард наследи и улога на важен играч на средината на теренот.

    Ливерпул тогаш зависеше од Суарез и малку од Стариџ. Тие двајца во таа сезона постигнаа 31 гол и имаа вкупно 21 асистенција. Скоро 50 проценти од вкупното достигнување на тимот. Оваа сезона, Ливерпул има повеќе опции во нападот. Поточно, една повеќе, Курињо, Фирмињо и Мане постигнаа 16 од 30 голови на Ливерпул, па така напаѓачката линија повторно сочинува 50%. Но целата игра во нападот е различна за разлика од таа кај Роџерс. Ливерпул во таа сезона имаше 12 различни стрелци, а оваа сезона во 11 кола тие имаат 10 различни стрелци.

    Тоа што на прв поглед делува како минус е тоа во одбраната. Ливерпул прими четири голови повеќе во истиот период од сезоната. Тоа е просек од 1.3 примени голови по натпревар. Проблем во тимот на Клоп е тоа што тој остава повеќе простор и шанси на ривалите отколку генерацијата пред 3 години. Тогаш Ливерпул имаше 8.1 удар кон својот гол во просек, а сега има 12.6.

    Но исто така, овој Ливерпул повеќе испраќа удари кон голот, повеќе го покрива теренот со трчање, има повеќе спринтови…

    И без никаква сомнеж, овој Ливерпул игра попривлечно. Но и конкуренцијата е многу посилна, бидејќи трката за титулата е многу поизедначена отколку пред 3 години.