Клоп има решение со новата позиција на Фирмино: Бразилецот ја одигра фантастично својата улога…


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Ливерпул за време на викендот славеше на непријатното гостување во Вотфорд со 3:0, а секако дека резултатот не е вистинско огледало на случувањата на теренот особено во првото полувреме.

Првиот погодок за гостите беше дело на Мохамед Салах во 67. минута кога топката низ нозе му мина на голманот Фостер. На 2:0 зголеми Александер-Арнолд со фантастичниот погодок од слободен удар во 76. минута, за конечните 3:0 ги постави Роберто Фирмино со погодок со глава по една контра на гостите.

Сенка на оваа победа на „Црвените“ ја фрли Хендерсон кој без никаква потреба во еден дуел оттурна еден домашен играч и така заработи втор жалтон картон во 82. минута од мечот.

Ливерпул на овој меч не настапи во формација 4-3-3 која го красеше изминатата сезона и во која четата на Јирген Клоп делуваше како вистинска гол машина. Германскиот стратег со новата формација 4-2-3-1 најде место за својата тројка, Мане, Фиримино, Салах, но и за Џердан Шакири кој ова лето пристигна на „Енфилд“ од Стоук кој се пресели во понискиот ранг.

Така Фирмино заигра на позицијата зад Салах, додека крилата ги напаѓаа Мане и Шакири, а очигледно дека оваа преофанзивна тактика на Јирген Клоп овојпат даде резултат.