Клоп и Мурињо во нов дуел, овој пат за потпис на суперталентираниот Бразилец!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што Калчомеркато пренесува а наведуваат британските медиуми, Ливерпул и Манчестер Јујнајтед го делат интересувањето за млад бразилски офанзивец.

На радарот на Јирген Клоп и Жозе Мурињо наводно се наоѓа 19-годишниот фудбалер на Бордо Малком.

Овој млад фудбалер кој моментално ги брани боите на Жиродинците, е под будно око на тимовите од Енфилд и Олд Трафорд, кои веќе на крајот на сезоната може да тргнат во потера за негов потпис.

Малком има договор со Бордо до 2020 година, но во повеќе наврати изјави дека наскоро сака да заигра за некој поголем клуб.

Проблем за Клоп и Мурињо може да искрсне ако не изборат Лига на шампионите, бидејќи младиот Бразилец изрази желба за неговиот следне клуб да игра во тоа натпреварување, бидејќи сака што побрзо да заигра на највисоко ниво.

„Не е важно во кој клуб или шампионат се наоѓам. Сакам да играм за голем клуб, во Лигата на шампионите и да освојам се“, изјави Малком.

Ливерпул и Јунајтед до крајот на сезоната ќе водат голема борба за место кое води во ЛШ, заедно со Тотенхем, Манчестер Сити и Арсенал, а се чини д ека Челси ќе остане пред сите споменати тимови до крајот на сезоната.

Доколку се случи ако ни Редисте ни Ѓаволите не изборат место кое води во елитното натпреварување, најверојатно нема да бидат во можност да го ангажираат Малком, но се е можно кога се земе во предвид финансискиот статус на двата клуба, поготово на Јунајтед.

Малком во оваа сезона на 30 настапи за Бордо во сите натпреварувања запиша шест голови и една асистенција.