Клоп откри: Бентеке од Ливерпул си заминал поради друга причина, не поради лошата игра


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кога на клупата на Ливерпул пристигна Клоп, изјави дека сакал да го донесе Бентеке и во Дортмунд, што на белгискиот напаѓач дополнително му ги зголеми шансите да најде место во првите единаесет, но на крајот, тој повеќе време помина на клупата, отколку на теренот.

Германскиот стратег откри зошто овој фудбалер го продаде на Кристал Палас. Со почетокот на оваа година, Ливерпул го одигра еден од највозбудливите натпревари во својата историја, по резултат од 3:1, успеа да дојде до победа против Норвич во гости со резултат од 5:4, голот за победа го постигна Адам Лалана во последните секунди од натпреварот. А деталите од натпреварот можете да ги прочитате овде.

Додека се прославуваше победата, во гужвата, Јирген Клоп ги загуби очилата и изгледа дека токму Бентеке стапнал на нив, со што ги скршил на парчиња. По тоа, односите помеѓу него и Клоп не биле исти. А на лето беше продаден на Кристал Палас за 27 милиони фунти.

„Тие беа целосно скршени! Кристијан Бентеке го направи тоа. Не ми ги кршете очилата. Во спротивно, ќе бидете продадени“, изјави Клоп, а дали на шега или не проценете сами…