Клоп откри кој според него ќе ја освои титулата во Бундес лигата


    ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


    Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп откри кој според него ќе ја освои титулата во Бундес лигата оваа сезона.

    Поранешниот менаџер на Борусија Дотмунд се претвори во легенда на клубот, но сепак овој пат ги разочара навивачите на „црно-жолтите“, бидејќи изјави дека смета дека Баерн е главниот фаворит за овој трофеј. Клоп исто така бил и фасциниран од прекрасните игри на Лајпциг и Хофенхајм.

    „Работата на РБ Лајпциг и Хофенхајм заслужува најголема почит. Тоа е квалитет дополнителен со смиреност во играта. Неверојатен е и квалитетот што Дортмунд го имаше на стартот“, изјави Клоп.

    „Најинтересна варијанта е да има интрига за првото место. Најверојатно оваа сезона титулата ќе ја осви пет пати по ред Баерн Минхен“, додаде Клоп.