Клоп пронајде идеално засилување во Белгија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Алберто Морено не го задоволи Клоп, и сега јасно е дека на Црвените им е потребен лев бек. Милнер се снајде, но тој секако е принудно решение, и треба да се очекува дека Клоп во јануари ќе донесе фудбалер кој ќе биде прв избор на левата линија.

Така и Милнер ќе може да се пресели во средината на теренот и тука да понуди повеќе опции, а покрај засилување на позицијата лев бек јасно е дека на Ливерпул му е потребен и еден крилен фудбалер, особено по повредата на Филипе Кутињо.

Сега се чини дека во еден играч е пронајдено решение за овие горчливи прашања, на радарот на тимот од „Енфилд“ е фудбалерот на Андерлехт, Френк Ачемпонг.

Клоп неколку пати го гледаше и размислува да испрати понуда на адресата на белгискиот тим за неговите услуги.

Овој 23-годишен фудбалер од Гана ја покрива позицијата на лев бек и лево крило, и би ги решил сите маки на германскиот стратег.

Сепак, Ачемпонг најверојатно ќе ги брани боите на репрезентацијата на Гана на претстојното првенство за најдобра селекција на „црниот континент“, што би можело да претставува проблем, но ќе видиме дали Клоп е подготвен да го жртвува јануари за да го добие саканото засилување.