Клоп со изјава ги израдува навивачите на Ливерпул


    ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


    Ливерпул оваа сезона игра навистина одличен фудбал кој донесува посакувани резултати, а црвените по девет кола се на третото место со 20 бода, колку што има и првопласираниот Манчестер Сити.

    Сепак, доколку му веруваме на Јирген Клоп, најдоброто од Ливерпул допрва треба да дојде.

    „Ништо што до сега нарпавивме не е ниту блиску до нашите 100%. Постојат многу нешта што можеме да ги подобриме, би можеле да одмараме во текот на неделата, па во сабота да се најдеме пред натпреварот“, во свој стил изјави Клоп.

    Во следното коло на Премиер лигата, Ливерпул му гостува на Кристал Палас, што би можело да биде можност за екипата на Клоп да ја запише седмата победа во сезоната.