Клоп со пофални зборови до херојот Алисон: Ако требаше ќе платев и двојно за него


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Екипата на Ливерпул обезбеди пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите откако вчера со 1:0 славеше победа против Наполи.

Покрај Мохамед Салах кој го постигна единствениот погодок, херој на Ливерпул беше голманот Алисон Бекер кој во последните минути од средбата успеа да одбрани зицер на Аркадиуш Милик.

„Голманот имаше одбрана на сезоната. Немам поим како ја направи таа одбрана. Му благодарам на Бога што го имаме. Ако знаев колку е добар, без проблем ќе платев и двојно за него. Мислам дека никој не очекуваше одбрана во таква ситуација“- коментираше Клоп.