Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од Премиер лигата објавија дека и следниот летен трансфер период ќе биде пократок од вообичаеното и ќе заврши на само еден ден пред почетокот на новата сезона.
Ова било одлучено на средба на која биле присутни сите 20 премиерлигашки тимови, а само неколку од нив биле против.
Во септември 2017 година, 14 клубови изгласаа преодниот рок да се затвори на еден ден пред почетокот на сезоната, а тогаш против беа двата клуба од Манчестер, Вотфорд, Свонси и Кристал Палас.
Откако неколку високи лица на клубовите, како и некои тренери се пожалија на недоволниот ефект од ова правило, беше закажана нова средба на која беше потврдено дека истото правило ќе продолжи и следната сезона.